Братот на осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ починал од насилна смрт, бил претепан

0
331

Братот на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Данка Илиќ Д.Д.(40) починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е по вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград.

Во судско-медицинскиот извештај биле констатирани бројни повреди на телото на Д.Д., поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Вештачењето е проследено до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување.

Осомничениот Д.Д од Бор во саботата на 6 април бил задржан до 48 часа во полициската станица во Бор поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десет години постар брат, кој е осомничен за тешко убиство на двегодишната Данка Илиќ.

Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на МВР од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициски службеници и лекари од Здравствениот дом во Бор, кои направиле обид за реанимација, во 03.10 часот починал Д.Д.

Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажало дека Д.Д. не починал од природна смрт, туку од претепување, чии траги биле јасно видливи и детално опишани во вештачењето.