(Видео) Мајката на убиецот на Данка проговори: „Мојот син не е виновен, некој го намести“

0
41

Повеќе од две недели откако беше пријавена за исчезната, телото на двегодишната Данка Илиќ, сè уште не е пронајдено.

dobivaj vesti na viber

Истрагата на српската полиција покажа дека двајца работници на српски Водовод го фрлиле телото од автомобилот на депонија, но еден од нив подоцна, најверојатно со помош на членовите на семејството, го преместил телото, а не сака да каже на полицијата каде.

На распит беа донесени братот и таткото на убиецот Дејан Драгијевиќ. Таткото е приведен, а неговиот брат Далибор почина од срцев удар, јавуваат српските медиуми. Мајката на убиецот, Светлана Драгијевиќ, по вчерашниот погреб на нејзиниот син првпат во јавноста проговори за случајот за Информер.