Вооружена престрелка во Скопје – две лица се повредени, ова се деталите

0
3961

Двајца скопјани се повредени во напад со оружје на подрачјето на Чаир во Скопје.

Тие биле нападнати од неколку вооружени лица кои пукале со огнено оружје и ги нападнале со остар предмет. Случајот е пријавен во полиција, а по напаѓачите се трага.

„На 07.04.2024 во 18.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир, А.П.(22) и А.П.(23), двајцата од Скопје, со огнено оружје и остар предмет биле нападнати од неколку лица, при што А.П.(23) бил повреден со остар предмет, додека А.П.(22) се здобил со повреди од огнено оружје.