Двајца млади полицајци (27 и 25) загинаа откако пијана и издрогирана жена се заби во полициски автомобил во Италија

0
265

Двајца млади карабинери загинаа вчера во Италија кога жена удрила во нивното службено возило, а според медиумите била под дејство на алкохол и дрога.

Франческо Фераро (27) и неговиот колега Франческо Пасторе (25), двајца карабинери, загинаа вчера во судир на државниот пат 91 во Италија.

Двајца карабинери загинале во тешка сообраќајна несреќа што се случила покрај државниот пат што ги поврзува Еболи и општината Кампанија, во провинцијата Салерно.

Во службеното возило што дежурало на станицата Кампања удрил бел теренец „Ренџ Ровер“ управуван од жена. Возилото на карабинерите било целосно уништено, јавуваат италијанските медиуми. Третиот полицаец кој бил во возилото е тешко повреден.