Депонијата кај тетовско Добарце чади 8 месеци

0
46

Дивата депонија во атарот на село Добарце, Општина Желино која во септември минатата година се запали се уште чади. Облаци со загаден воздух надвиснуваат над илјадниците тони смет долж автопатот Тетово- Скопје.

Пожарот на депонијата за кој од тетовската противпожарна единица и Дирекцијата за заштита и спасување уште лани кажаа дека е локализиран, но не е целосно ликвидиран, практично се уште е активен, загадувајќи го воздухот во овој дел на тетовско.

Од Општина Желино лани во септември истакнаа дека уште во 2017 година на сопственикот кој управувал со депонијата му ја одзеле концесијата оти не работела според стандарди, Додадоа истакнаа дека ќе се започне и со остранување и транспортирање на сметот од депонијата откако целосно ќе се ликвидира пожарот. Но и по 8 месеци ниту се презедоа чекори за целосно ликвидирање на пожарот, ниту се дислоцираа илјадниците тони отпад од оваа локација.

„Тука сме пред депонијата во Добарце, конечно успеавме да го изгасиме пожарот. Ние од 10 септември се трудевме да го изгасиме пожарот, но тоа беа нашите капацитети. Им благодарам на тетовските пожарникари што се залагаа за целосно гасење на пожарот. Му благодарам лично на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој ни даде една препорака , една компанија специјализирана за гасење на пожари која ни препорача еден препарат специјализиран за гасење и ние вчера со тој препарат успеавме да го изгасиме пожарот. Депонијата во Добарце постои од 2007 година, значи ние целосно сме му забраниле на концесионерот да фрла отпад тука, не требало да се дозволи тука да се фрла отпад. Ние како општина во 2017 година сме ја раскинале концесијата со него. Било договорено да нема депонија.Но, тука се уште има смет и тој смет ќе се носи во регионалната депонија Русино“, изјави уште во септември пред медиумите Јасин Демири од Општина Желино.

Инаку пожарите во атарите на шарпланинските села Селце и Ѓермо се угаснати, а пеплосани се над 200 хектари шумска површина.

Вистинска драма на Шарпланинското подрачје се случуваше и пред две недели над Вешала. Ренџерите час и половина пеш се движеа низ стрмен терен, за да стигнат до огнот.

Пожарот беше локализиран рачно со лопати и метли, но штетата што ја остави зад себе е огромна. Изгореа 170 хектари шума и пасишта.