Загина странски државјанин на патот Тетово-Попова Шапка

0
395

Попладнево околу 17.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Попова Папка во близина на тетовско Расадиште, патничко моторно возило “рено меган” со австриски регистарски ознаки, управувано од лицето Е.В.(80) од Австрија, излетало од патот.

Во несреќата, од здобиените повреди возачот починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Поради сообраќајната несреќа за интервенција биле повикани и тетовските пожарникари