МАЖИ СИ ГИ ТЕПАЛЕ ЖЕНИТЕ, НЕКОИ МАЈКИТЕ, НЕКОИ ДРУГАРИТЕ… Викендов на многумина им зоврела крвта

0
96

Тепачки, закани и пресметки се дел од денешниот полициски билтен што го објави Министерството за внатрешни работи. Пренесуваме дел од инцидентите што се случиле викендов.

Денеска (14.04.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирања во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.К.(19), А.М.(19), Б.М.(18) од една страна и А.П.(33) од друга страна, сите од Скопје.

Денеска (14.04.2024) во 03.30 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена пријавила дека на 13.04.2024 околу 21.00 часот на подрачјето на Гази Баба таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг А.Т., кој се заканувал и со остар предмет.

На 13.04.2024 во 18.14 часот во Полициска станица Делчево, било пријавено дека во Итната медицинска помош Делчево била донесена повредена Љ.Т.(34) од Делчево. Според пријавеното, таа со повредите се здобила при извршување на работни задачи во продажен објект. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Делчево, а известен бил и трудов инспектор.

На 13.04.2024 во 19.35 час во СВР Скопје, В.М.(71) од Скопје пријавил дека на подрачјето на скопската населба Кучевишка Бара, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од М.М.(21) од Скопје.

На 13.04.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена од Скопје пријавила дека на 12.04.2024 околу 23.00 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг О.Д..