Се шири пожарот на Шара – потенцијална опасност и за селото Селце

0
104

Пожарот на село Селце не е локализиран. Напротив, тој е проширен, информираат од Јавната установа Национален парк „Шар планина“.

Од утрово на терен се девет ренџери, тетовските пожарникари, а во гаснењето на пламените јазли помага и локалното население.

И денеска се очекува помош за гаснење од воздух, иако вчера воздухопловните сили на министерството за внатрешни работи исфрлија седум ведра вода.

Пожарот на село Селце се појави на 11 април, на тешко пристапен и оддалечен терен, локација која и претходно горела. Иако во саботата беше ставен под контрола, поради неповолните временски услови состојбата дополнително се влоши.