Маричиќ: Овие избори се борба за патот кон ЕУ со СДСМ или назад во изолација со ДПМНЕ

0
162

Овие избори се борба за патот кон ЕУ со СДСМ или назад во изолација со ДПМНЕ. Никој нема дилема дека ние припаѓаме во ЕУ, и имаме јасен план како да стигнеме до таа цел до 2030 година. Она што сме го зацртале и политички сме го лобирале на секој состанок или средба во Брисел, е токму тоа, до 2030 година да станеме членка на ЕУ, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, во поткастот Политиканти

Јас сум убеден дека повеќето граѓани не сакаат да се вратат во ретроградната власт на ДПМНЕ. Знаеме дека луѓето живеат тешко, и дека има негодувања во однос на многу теми, за се тоа сме свесни, ама сме свесни и дека граѓаните веруваат дека оваа Влада предводена од СДСМ и коалицијата може да ја испорачаат европската иднина. Па, никој не веруваше дека ќе станеме членка на НАТО, но тоа се случи, а истото ќе се случи и со ЕУ”, рече Маричиќ.

24info.mk