Евакуација на руски град по пукање на брана

0
90

пукна брана во рускиот град Орск на планината Урал и во тек е евакуација на населението, соопштија локалните служби за вонредни состојби, јавува Радио Слободна Европа на англиски јазик.

Агенцијата ТАСС го цитираше Министерството за вонредни ситуации дека може да бидат поплавени до 4.000 куќи во предградијата на Орск поради пукањето на браната.

Локалните служби за итни случаи во соопштението наведуваат дека работат на евакуација на жителите и зајакнување на браната.

Непроверени снимки кои кружат на Телеграм покажува вода како тече низ пукнатината на браната.

Во областа Оренбург во близина на границата со Казахстан е прогласена вонредна состојба.