ВИДЕО| Новите полицајци му ја запеаја на мин. Тошковски – Бисер Балкански!

0
281

На денешната промоција на новите припадници на МВР во Идризово се обрати и тех. премиер Џафери на албански јазик.

За време на официјалниот дел на овој свечен чин присуствуваа: Таљат Џафери, мин. Панче Тошковски, доп. мин. Митко Бојмацалиев и дир. на БЈБ Сашо Тасевски.

Новите припадници на полициските служби беа поздравени од тех. премиер Џафери на албански јазик, а по завршувањето на церемонијата во центарот во Идризово, при спуштање на македонското знаме, новите македонски полициски сили кои ја завршија обуката ги поздрави мин. Панче Тошковски а тие му возвратија со поздравна песна – легендарната Бисер Балкански.