Спасовски: На изборите на 8 мај треба да се одлучи да не се вратат настаните од 27 април 2017 г.

0
94

Многу е важно да разбереме дека овој десничарски режим во тоа време направи удар врз Уставот, државата и демократијата“, рече носителот на СДСМ во втората изборна единица и оцени дека насилниците не може да се нарекуваат уставобранители, да се помилуваат или да им биде простено за стореното
Насилниците кои на денешен ден пред седум години упаднаа во Собранието не може да се нарекуваат уставобранители ниту, пак, да бидат помилувани и да им биде простено за стореното. Ова од пред зградата на Собранието денеска го порача ексминистерот и носител на СДСМ во втората изборна единица Оливер Спасовски, кој нагласи оти она што се случи на 27 април 2017 г. не смее да се заборави или да биде дозволено да се повтори.