Побрзајте – На полноќ поскапуваат горивата

0
3698

Новото поскапување на нафтените деривати најмногу ќе ги погоди возачите чии возила го користат дизелот. Ова гориво поскапува за два денари по литар. Не куртулија ниту „бензинашите“ кои од утре ќе плаќаат еден денар по литар повеќе за 98-ка и 1,50 денари повеќе за литар 95-ка. Од 09.04.2024 во малопродажбата горивата ќе се наплатуваат по овие цени:

ЕУРОСУПЕР БС-95 86,50 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС-98 88,50 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 78,00 ден/лит.