Светски ден на Ромите – битката за рамноправност се уште трае

0
110

Пристап до квалитетна инфраструктура до елементарни услови за работа, ова се и натаму најгорливите проблеми со кои се соочуваат дел од ромската популација во земјава.

Не светскиот ден на Ромите, честитки стигаат од сите страни, но луѓето велат дека наместо честитки нив им требаат подобри услови за да останат во земјава. Екипата на телевизија 24 на терен, ги прашавме граѓаните што е тоа што им е најпотребно.

Дел од невладините организации велат дека состојбата со правата на Ромите е подобрена, но додаваат дека има простор за подобрување. Покрај завршената декада на Ромите, ромската популација сеуште се соочува со дискриминација врз расна основа.

Политичари, функционери денеска се наредија со честитки за празникот на ромите со пораки дека тие ќе живеат подоборо.

Но, податоците покажуваат дека две третини од Ромите во земјава се во ризик од сиромаштија, а 60 проценти од нив се лишени од основни материјални потреби што е двојно повеќе од ризикот за сиромаштија кај останатото население во земјава.