Покана од Мицкоски за идна влада со Таравари и „Вреди“

0
70

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека се слушнал со претседателскиот кандидат на „Вреди“, Арбен Таравари и му посакал успешни парламентарни избори, а во тој контекст спомна и идна влада.

-Се слушнав со албанската опозиција, со г-динот Арбен Таравари му честитав на резултатот и му посакав успешни парламентарни избори, идна влада во Македонија. Сакав само да му изразам поддршка, да им изразам поддршка на сите оние кои се обединија против лошите политики на ДУИ и СДСМ, а се дел од албанската опозиција. И ние како ВМРО-ДПМНЕ со сите оние кои се против на овие политики кои значат корупција и криминал, подготвени сме да разговараме за иднината на Македонија, изјави Мицкоски и наведе дека не може да даде повеќе детали за тоа.