Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски во сабота пред тетовци ќе ја претстави својата програма

0
120

Општинската организација на СДСМ Тетово ги повика тетовци на митинг во сабота на 13 април кој ќе го оддржи претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски позади Центарот за култура „Иљо Антески -Смок” во Тетово

„Пред нас е момент кога сите ние го одредуваме смерот на нашата држава и понатамошниот развој на нашето општество. Токму затоа потребен ни е претседател со визија, прeтседател кој знае да носи правилни одлуки и претседател кој не се откажува од нашата цел, Македонија дел од големото европско семејство. И ние таков претседател имаме… Го имаме Стево Пендаровски нашиот претстедател…. визионер со европска перспектива, со изразита посветеност за напредокот на државата и додатен инпулс за развојниот пат и европски успех на нашата држава.Нашиот претседател има јасен став за иднината, чија стратешка цел е мир, стабилност и просперитет, држава членка на Европската Унија.Затоа, во сабота на ден 13.04.2024 година со почеток во 20:00 часот позади Центарот за култура „Иљо Антески -Смок” во Тетово Ве покануваме одблиску да го слушнете неговиот план за иднината, неговиот план за успешна и просперитена државa, соопштија од општинската организација на СДСМ Тетово