Снег во април на Попова Шапка

0
121

Поради немање снег во зимската сезона, во декември и јануари не се ни отвори скијачката сезона, а падна сега на пролет во април. Денеска на Попова Шапка, како што гледаме, имаше граѓани што излегле да уживаат во снегот.

„Излеговме малку да уживаме во снегот, бидејќи во зима немавме снег, барем сега да уживаме во тоа што остана.
Дали уживавте во снегот?
„Уживав, не земав скии затоа што не можев“, рече еден посетител.

„Супер денес, голем снег, среќни сме, врне. Во зима немаше, но сега да…“, рече едно дете.

И покрај обилните врнежи од снег, патиштата кон Попова шапка се проодни, но од Претпријатието Македонија пат препорачуваат внимателно возење, особено во вечерните часови. Според синоптичарите, врнежи од снег има и во делот на Дебар, како и на Стража и Маврово, а се очекува да врне и по полноќ. Во наредните денови, според синоптичарите, времето ќе биде променливо облачно и со повремени врнежи од дожд пропратени со грмежи и засилен ветер. Во повисоките краишта ќе има и врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, додека максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Затоплување на времето се очекува во текот на следниот викенд кога се очекува температурите да достигнат до 22 степени.

AlsatM