Во МТВ се снима предизборната дебата на претседателските кандидати

0
65

Македонската радио телевизија на својата интернет страница објави фотографија од снимањето на соочувањето на седумтемина кандидат за функцијата претседател на Македонија, што ќе се емитува вечерва со почеток во 20 часот. Во јавниот сервис се снима првото и единствено предизборно соочување на сите седуммина кандидати за претседател на државата кои ќе учествуваат во првиот изборен круг закажан за 24 април. Сите претседателски кандидати ја прифатиле поканата и се појавиле на дебатата: Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова, Бујар Османи, Арбен Таравари, Билјана Ванковска, Стевче Јакимовски и Максим Димитриевски. Домаќин е Стојан Трпчевски, уредник на Информативната програма на МРТ 1.