Тешка сообраќајка на автобус од Македонија во Италија: Еден загинат, има повредени

0
487

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија преку Амбасадата во Рим информирано е дека денес на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна незгода во која учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија, информираат од МНР.

На лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година) државјанин на Северна Македонија, додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани.

„Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот“, соопшти МНР.