Се уште се трага по телото на Данка, еден од осомничените го преместил телото од депонијата на друга локација

0
145

Се уште се трага по телото на Данка, соопшти српската полиција. Иако двајцата осомничени ги однеле полициските службеници на депонијата каде рекле дека е телото, сепак, министерот за внатрешни работи изјавил дека полицијата имала сознанија дека еден од нив на 28 март, два дена по настанот се вратил на депонијата и го пренел телото на друга локација.

„Министерот за внатрешни работи на Србија Братислав Гашиќ денеска на прес-конференција рече дека двајцата осомничени ја однеле полицијата на депонијата на која рекле дека го фрлиле телото на девојчето, откако го удриле со автомобил, но според министерот, полицијата има сознанија дека еден од нив на 28 март, два дена по настанот се вратил на депонијата и го пренел телото на друга локација“, пишуваат српските медиуми.

Дел од српските медиуми во меѓувреме повикувајќи се на информации од истрагата објавија дека за смртта на девојчето се уапсени и осомнични лица С.Ј. (50) од селото Лука и Д.Д.(50) од селото Злот, работници во јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор, кои со службено возило удриле во девојчето, го ставиле нејзиното тело во автомобилот и потоа го однеле и фрлиле на дива депонија кај местото „Старобањски пат“, кај Бор.

Подоцна денеска министерот за внатрешни работи на Србија Братислав Гашиќ на прес-конференција рече дека осомничените детално го опишале делото, но и дека телото на девогодишното девојче сè уште не е пронајдено, пренесува РТС.