Хорор во Србија: Маж убил жена во Центарот за социјална работа во Урошевац, едно лице е повредено

0
238

Во центарот за социјална работа во Урошевац, е убиена една жена, а едно лице е повредено.

Полицијата е известена за пукањето во овој центар денеска во 14.40 часот, пренесува kossev.info.

Осомничениот, откако пукал, „избегал“, изјавија за Коха од полицијата.

Основното обвинителство во Урошевац соопшти дека главниот осомничен ѝ е маж на жената и во меѓувреме е приведен.

Повикувајќи се на сопствени сознанија, Коха наведува дека повреденото лице е брат на убиената жена.