Денеска е Благовец, денот на мајките: Неколку народни обичаи за овој христијански празник

0
126

Денеска православните христијани го празнуваат празникот Свето Благовештение, попознат како Благовец, Благоец, Блошчојне, Благостене, Благовден меѓу народот. Се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април.

Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвета Богородица. Тие се поврзани со животот на Божјата Мајка.

Овој ден се смета и за ден на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и ѝ даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Денеска именден празнуваат оние што го носат името Благоја, Блаже, Благојка, Благица, Блага, Благун…

Историја на празникот

На овој ден Гаврил се јавил во архангелска светлина и ѝ рекол на Марија дека е одредена од Бога да го роди Спасителот. Во чест на таа блага вест што ангелот ѝ ја пренел на Света Дева Марија, црквата го востановила празникот Свето Благовештение, што се празнува точно девет месеци пред Божик.

Легендата вели дека еднаш кога покрај прозорецот Света Дева Марија го читала Светото писмо, во Книгата на пророкот Исаија прочитала дека „Девица ќе зачне и ќе роди син и ќе му го дадат името Емануил”, возбудено помислила дека кога би знаела која е таа девојка би и служела до крајот на животот. Во тој момент до неа долетал ангелот Гаврил, кој ѝ соопштил дека таа е девојката одредена од Бога што ќе го роди Спасителот: „Радувај се благодетна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените; и ете ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш син и ќе го крстиш со името Исус. Он ќе биде голем и ќе се нарече син на Севишниот и ќе му го даде Господ Бог престолот од неговиот татко Давида и ќе царува над домот Јаковов секогаш и царството негово нема да има крај