ИРАН ВЛЕЗЕ ВО ВОЈНА СО ИЗРАЕЛ КАДЕ ИСТРЕЛА 300 РАКЕТИ, АМЕРИКАНЦИТЕ РЕЧИСИ СИТЕ ГИ СОБОРИЈА

0
273

Иран лансирал околу 300 дронови и крстосувачки и балистички проектили кон Израел во досега невиден напад, објавија Израелските одбранбени сили (ИДФ), додавајќи дека 99% од нив биле соборени од израелските противвоздушни системи и од сојузниците во регионот. Досега има информации за едно повредено лице и за мали штети во една воена база во јужен Израел.

Снимките покажаа експлозии и огнени топки над Ерусалим како резултат на дејствувањето на противвоздушната одбрана. ИДФ кажа дека имало лансирања и од Ирак и Јемен.

Џо Бајден изјави дека американските сили му помогнале на Израел да ги собори речиси сите дронови и проектили лансирани од Иран ноќеска. Тој додаде дека наредил движење на американски воени авиони и бродови во регионот откако Иран го почнал нападот.

„Зборував со израелскиот премиер Нетанјаху за да го уверам во железната посветеност на САД кон безбедноста на Израел. Му реков дека Израел демонстрирал извонредни капацитети да се брани“, изјави Бајден.