Србија испраќа хуманитарна помош за жителите на Газа

0
56

Владата на Србија донесе заклучок со кој се упатува хуманитарна помош во стоки за Газа, како форма на помош за ранливото население поради критичната хуманитарна ситуација во Појасот Газа.

Хуманитарната помош се дава во вид на храна, вода, медицинска опрема, како и шатори за сместување семејства, вкупната вредност на робата е близу три милиони евра, а тежината е близу 900 тони, соопшти Владата на Србија.

Со оглед на итноста на ситуацијата, помошта се испраќа во два лета, од кои првиот ќе лета денеска, додека вториот ќе биде испратен утре.