Апасиев од Крушево: Со повеќе пратеници ќе спречиме штетни политики за државата

0
48

Лидерот на партијата „Левица“ Димитар Апасиев денеска во Крушево изјави дека претстојните избори се клучни за државата и дека граѓаните треба да го дадат гласот за промакедонската платформа.

На граѓаните би им порачал на овие избори да не си го фрлаат гласот за тиранска и софиска платформа, туку да гласаат за единствената промакедонска платформа, а тоа е платформата на Левица. Ние со двајца пратеници успеавме да спречиме многу штетни политики и мислам дека имаме лице да бараме повторно од граѓаните, и тоа двоцифрен број пратеници. Сметаме дека со тоа ќе спречиме уште штетни политики, рече Апасиев.