Бочварски: Работите се завршени над 90% на првата делница Градско – Дреново

0
57
Фото Слободен Печат

„Експресниот пат Градско-Дреново, ова е првата фаза од клучка Градско од исклучување од главниот пат Коридор 10. Ова е Коридор 10Д, “ вели Бочварски на видеото објавено на ФБ страните на Бочварски и Филипче.

На прашањето на Филипче колку проценти од вкупниот пат е завршен сега од двете делници, Бочварски посочува дека се завршени 91% од првата делница и 80% втората делница , која е покомплексна.

„И денеска ми е драго што целиот коридор 10Д, од Градско почнувајќи, преку овој пат експресниот до Прилеп, и од Прилеп – Битола автопатот кој што веќе го почнавме до Битола Меџитлија кој што веќе го рехабилитиравме генерално целиот коридор 10 Д во моментов се работи. Овој пат 85% се финансира од ЕУ, првата делница, со грант средства неповратни и тоа е тоа што го зборуваме постојано околу интеграцијата во ЕУ,“ вели Бочварски.

Филипче потврдува дека ЕУ имаат многу силни финасиски програми за подршка на многу сектори. Какои дека нема друга иднина освен таа.