Билал Касами му врати на Али Ахмети за ,,нокаутот”

0
63

Продолжуваат препирките меѓу претседателот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на Движењето БЕСА Билал Касами.

Касами ја коментираше изјавата на Ахмети дека ,,треба да го фрли белиот пешкир на рингот зашто на 8 мај ќе доживеел нокаут”.

Али Ахмети е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува и со заканувачки и навредливи зборови го плаши албанскиот народ. Но на 8 мај ќе го добие одговорот и конечно ќе добие технички нокаут од албанските гласачи кои ги осиромашува и раселува 20 години, изјави Касами.

Ваквите коментари Касами ги даде во интервју за Еуроњуз Албанија.