5 Мај – Ден на македонскиот јазик – „Должни сме да го милуваме нашиот јазик зашто е наш, како нашата татковина“ (К. П. Мисирков)

0
45

Денот 5 мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“ на 130. седница на владата, одржана на 16 април 2019 година.

Во соопштението од оваа седница за оваа одлука пишува:

На оваа своја денешна седница, Владата на РСМ донесе одлука 5 мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик како празник од работен карактер. Одлуката овој датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која на 5 мај 1945 година ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеци Министерството за просвета го озакони, првиот правопис со што беше кодифициран македонскиот јазик.

Со оваа своја одлука тогашната Влада застана цврсто на позицијата на одбрана на посебноста, автентичноста и континуитетот на создавањето на македонскиот јазик.

Македонскиот јазик беше еден од службените јазици и во поранешна Југославија заедно со, српскохрватскиот, кој тогаш беше така неречен и словенечкиот.

Две азбуки биле употребувани во Југославија: латиницата и кирилицата.

Racin.mk