Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде што се чувал изборен материјал

0
59

Лицата го напуштиле местото откако биле забележани од полицискиот службеник што бил задолжен за обезбедување на изборниот материјал.

Три машки лица денеска се обиделе да ги отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир каде што се чува изборен материјал.

Настанот, како што пренесува МИА, бил пријавен во Полициската станица Бит-пазар. Лицата го напуштиле местото откако биле забележани од полицискиот службеник што бил задолжен за обезбедување на изборниот материјал.

Како што соопштиле за МИА од Министерството за внатрешни работи, не е причинета штета на капијата ниту на изборниот материјал и се преземаат мерки за расчистување на случајот.