Премиерот на Македонија бакна знаме на УЧК: Во Албанија го славеше човекот кој се бореше против македонската армија во 2001-ва година

0
129

Првиот Албанец премиер на Македонија, Талат Џафери бакнувајќи знаме на УЧК, која се бореше против македонската армија го славеше Тахир Синани, борец за Обединета Албанија, односно обединување на сите албански територии, во кои ја сметаат и Македонија. Синани бил и командант на 116-тата бригада „Џемо Хаса- Гостивари“ во УЧК во воениот конфликт во 2001-ва година.

Иако, премиер на Македонија, Џафери не отиде да се поклони пред гробот на најголемиот македонски револуцинер Гоце Делчев на четври мај, но само ден подоцна отиде во Тропоја, Албанија, каде беше организирана манифестација во чест на Тахир Синани. За овој настан поранешниот командант Форина се пофали на социјалните мрежи.

Alfa.mk