Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

0
83

Денеска во Градскиот парк во Скопје се одржа завршниот народен собир на Левица каде што свои пригодни обраќања имаа носителите во изборните единици и претседателот на партијата, професорот по римско право Димитар Апасиев.

„AСНОМ е она што сега го возобнувуваме. Тие што нè ословуваа дека сме националисти, нека знаат дека повеќе Турци и Бошњаци ќе влезат преку листите на Левица, отколку преку нивните етнотрибалистички листи. Ако сакате војна, ќе добиете. Ама, ова ќе биде класна војна на сиромашните против олигарсите“, порача професорот и носител во ИЕ1.