(ФОТО) Тројца повредени во стравотна сообраќајка во скопско Влае, едно од возилата преполовено

0
2373

Денеска во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(32) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(27) од с.Сарај, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од сЉубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, стои во соопштението од МВР.