„Според објавените информации во медиумите, во оваа населба се планира изградба на 100 згради во кои би можело да се вселат околу 20.000 станари. Тоа е соодветно на вкупниот број жители на еден помал град, како Делчево или Ресен! Предложениот ДУП неколкукратно ја надминува густината на жители предвидена со ГУП-от на град Скопје. Според Законот за просторно и урбанистичко планирање, ДУП-от мора да е во согласност со ГУП-от.
Првиот човек на општината, Филип Темелковски вели дека со овој Детален Урбанистички план ќе се изградат 20 згради помалку од претходниот план, и на плацовите кои се во државна сопственост ќе има нова градинка ,поликлиника, црква , средно улилиште и зеленило