Прегазен пешак во Делчево

0
103

Вчера на улицата Ѓорче Петров во Делчево патничко возило со штипски регистарски ознаки, управувано од А.В.(46) од Делчево удрило во пешак А.С.(55) од Делчево.

По незгодата, како што информираат од полицијата, пешакот бил пренесен во здравствената установа „Гоце Делчев“ во Делчево, каде од лекар биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Делчево.