Одложено рочиштето за „Рекет“, адвокатите на Јанева болни

0
94

СКОПЈЕ – Болест на двајцата бранители на Катица Јанева, адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска, го одложи денешното рочиште на судкиот процес за случајот „Рекет“ на кое требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова која ја води истрагата за случајот „Империја“ каде првоосомничен е рекетираниот бизнисмен Орце Камчев. Адвокатот Кадиев го извести судот дека е хоспитализиран на Клиниката за инфентивни болести и ќе биде задржан до крајот на работната недела додека Фрчковска не доставила никаква медицинска документација.

Обвинителката Лиле Стефанова дојде во судницата но сепак не даде изјава за медиумите. Стефанова е обвинителот од поранешното СЈО а сегашното Јавно обвинителство која ја води истрагата во случајот „Империја“ каде покрај Камчев, за финансиски малверазции тешки над 10 милиони евра се осомничени и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и бизнисменот Цветан Панделевски.