Грција ќе ја прошири граничната ограда кон Турција, тврди дека Турците пукале во грчката полиција

0
81

Грчката влада ќе ја прошири граничната ограда покрај реката Еворс во подготовките за нов бран мигранти и тврди дека турските војници пукале кон грчката полиција на почетокот од овој месец пренесува „Прото Тема“.

Планот за проширување на граничната ограда е дел од новиот закон за справување со ширењето на Ковид-19 и се истакнува дека грчките власти ќе го градат продолжувањето на граничната ограда без оглед на буџетот за расходи.

Оклопни воени возила ќе бидат распоредени и по северната граница со Турција заради покривање на вонредни и итни потреби за јавниот интерес и за заштита на националните и на границите на ЕУ.

Грчката влада исто така тврди дека Турција може да ги испраќа мигрантите назад во грчката гранична област откако претходно ја затвори границата кон крајот на минатиот месец поради стравувањата од инфекција со Ковид-19.

„Забележавме некои сомнителни движења… Како резултат на тоа, наредивме засилена подготвеност во следните неколку дена за време на велигденските празници“, вели извор од грчката влада.