Вселенски Патријарх: Папата направи историски гест, подарувајќи ни ги моштите на Св. Петар

0
174

 

Вселенскиот Патријарх ги прими, со особена трогнатост, делчињата од моштите на св. ап. Петар, што му беа подарени од страна на папата Франциск, во знак на братска љубов, објави Бигорски манастир.

„Папата Франциск го направи овој величествен, братски, историски гест, давајќи ни делчиња од моштите на св. Петар, основачот на Римската Црква и јас пред малку им се поклонив со длабоко чувство. Ова беше смела одлука на папата Франциск кон Константинополската Црква, за што му ја изразуваме нашата благодарност“, изјави Вселенскиот Патријарх.