Над 5 милиони заболени од коронавирусот, најголемиот дел од нив во САД.
Според последните податоци објавени на реномираниот Џонс Хопкинс Универзитет, на светско ниво покажуваат бројка од над 5 милиони заболени од коронавирусот, најголемиот дел од нив во Соединетите Американски Држави со еден и пол милион заболени, следена од Русија и Бразил каде изминатиот период бројката на заболени вртоглаво се искачи.
На светско ниво исто така регистрирани се и над 300 илјади смртни случаи и од вирусот, а позитивна вест е тоа што има преку 2 милиони оздравени пациенти.