Се урна патнички авион во Пакистан, се стравува за бројни жртви

0
73

Големи облаци од чад има над локацијата на уривањето на на авионот, а тесните улици во соседството ги отежнуваат спасувачките напори.

Патнички авион со најмалку 98 патници се урна во населена област неколку минути пред да слета во најголемиот пакистански град Карачи, при што уништи многу згради.

Големи облаци од чад има над локацијата на уривањето на на авионот, а тесните улици во соседството ги отежнуваат спасувачките напори.

„Ќе користиме ДНК тестови за идентификување на телата. Веќе објавивме вонредна состојба во сите локални болници“ изјави министерката за здравство на провинцијата Синд, доктор Арза Печухо.

Патничкиот авион од типот Ербас-320 на националниот авио-превозник „Пакистан Интернешенал Ерлајнс“ летал од Лахоре до Карачи, кога се урнал во областа Модел Колони.

Од компанијата, засега, не се огласија за несреќата. Истрагата е во тел.

Авионот имал капацитет за 160 патници. Повеќето се враќале дома за да прослават крајот на светиот месец Рамазан.