Денес во Црна Гора се регистрирани 15 нови случаи на заразени со коронавирус, соопшти Институтот за јавно здравје, а сега има вкупно 115 активни.
Наведено е дека епидемиолошките испитувања на овие случаи се во тек.
„Од утринскиот пресек лабораториите на Институтот ја завршија анализата на 304 примероци, од кои 15 беа позитивни за новиот коронавирус. Епидемиолошкото истражување е во тек. Ова се случаи од: Подгорица (5), Беране (4), Будва (3), Херцег Нови (2) и Тузи (1)“, објавено е на Твитер-сметката на Институтот.
Во моментов најзаразени се во Рожаје 41, Подгорица 24, Бјело Поље 10, Будва 12.