Царовска: Врвен приоритет е да ја започнеме учебната година во услови на Ковид-19

0
104

Мила Царовска, досегашната вицепремиерка за економски прашања, денеска ја презеде должноста министер за образование и наука од досегашниот министер Арбер Адеми.

-Врвен приоритет е да ја започнеме учебната година во услови на Ковид-19, но и да создадеме образование со коешто ќе се гордееме.

Моите главни цели во новиот мандат во Министерството за образование и наука се: суштински реформи во основното образование, јакнење на средните стручни училишта, подобрување на оценките на меѓународните тестирања коишто ќе станат наша национална гордост и враќање на достоинството на просветните работници и нивна лична мотивација.

За сработеното досега и за идните предизвици во пријателска и искрена атмосфера на денешното примопредавање на функциите разговаравме со досегашниот министер за образование и наука Арбер Адеми, напиша Царовска на фејсбук.