НАТО изрази загриженост поради извештаите дека нејзината членка Турција за време на вежбата го користела рускиот систем за воздушна одбрана S-400, пренесува Хина.
„Овој систем може да претставува ризик за сојузничките авиони и може да влијае на односите меѓу членките на НАТО“, рече портпаролката на Алијансата во изјавата за ДПА во саботата.