Состојбата со вирусот загрижувачка ќе заседава Советот за безбедност

0
74

Советот за безбедност денеска со почеток во 11 часот ќе одржи седница во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ .

На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

-На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции, информираат од Кабинетот на Пендаровски.

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, најавена е изјава на Пендаровски.