Најстрога казна за обвинетите, побара Дафинка Ивановска, адвокат на семејството на убиениот Кире Тричковски во случајот Монструм.
Ивановска во своите завршни зборови рече и дека обвинетите со умисла го сториле делото на 12.04.2012 година.
Денеска во Кривичен суд, одбраната во завршни зборови за „Монструм“ изјави дека обвинителството не обезбедило доволно докази за овој случај и има само голи индиции и не ги докажува претпоставките за можен мотив.
„Дека ова е целосно ксонструиран слуачај не е наша констатација, туку тоа е констатирано и во извештајот на Прибе, а се зборува и во американскиот Стејт департмент,“ изјави бранителот Насер Рауфи