ОТВОРЕН ПРЕДМЕТ ЗА МЛАДОЖЕНЦИТЕ КОИ СО КОРОНА ПРАВЕЛЕ СВАДБА ВО ТЕТОВО

0
22

Обвинителството отвори предмет за младоженците кои пред неколку дена направиле свдбена веселба без да пријават дека се ковид позитивни.

Основното јавно обвинителство тетово во текот на вчерашниот ден оформи предмет по допрен глас со цел да се проверат наводите во објава на социјалните мрежи за евентуално сторено кривично дело – пренесување заразна болест или непостапување според здравствените прописи за време на епидеми.

Според информациите, сопружниците ја организирале свадба иако на ковид тестовите што ги купиле во аптека и ги направиле дома, биле позитивни. потоа, според лекарски извори, дошле да побараат инфузија, а пред да започне веселбата испиле парацетамол да ја контролираат температурата и се упатиле на свадбената прослава.