Уапсен тетовец кој требало да биде во затвор поради сообраќајка со тешки последици

0
26

На булеварот „Маршал Тито“ во Тетово вчера во попладневните часови, врз основа на судска наредба бил приведен 30-годишниот А.С. од тетовско Слатино.

Како што информираат од МВР, тој веќе бил осуден на затворска казна за учество во сообраќајна несреќа со тешки последици.

По приведувањето, 30-годишникот бил спроведен во тетовскиот затвор за издржување на казната.