Алијанса за Албанците – Билборди со наш кандидат уништени

0
22

Во четвртокот вечерта, неколку билборди со ликот на Господин Вулнет
Мурсели кој што е кандидатот за градоначалник на Тетово од страна на
коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, беа уништени, стои во реакцијата на Алијансата за Албанците

-Ваквите вандализми се срамни намери на неуспешни индивидуи во
политиката со намера да ги вовлечат во нивното срамно оро нашите
активисти.  Ги уверуваме симпатизерите, гласачите, но, посебно сите
граѓани на Тетово и околината дека коалицијата Алијанса за Албанците и
Алтернатива и тимот на господин Вулнет Мурсели не паѓаат на нивото на
тие што ги опфатил страв и паника одгубење на изборите кое ги очекува.Очекуваме од истражните органи и тие на обезбедувањето на ред и мир да го расветлат ова срамно дело и сторителите да бидат казнети според законот и кривичниот законик.Кампањата на г. Вулнет Мурсели ќе биде позитивна, бидејќи таков е и кандидатот, но, и вољата на граѓаните на Тетово.  Ние се натпреваруваме со најдобрата програма и понуда, се ангажираме да го вратиме достоинството на Тетово и на граѓаните, надежта и оптимизмот, реагираат од Алијансата за Албанците