ВО ПОЛОШКО СИН НАПАДНАЛ ТАТКО, ПРОНАЈДЕНА ДРОГА, ФИЗИЧКИ НАПАД ПОРАДИ ПОСТАВЕН БЛОКАТОР

0
22

Утринава  околу 8 часот и 15 минути, во тетовско Камењане, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(25) и Б.К.(53), затоа што при претрес во нивниот дом во ова село, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Вчера (29 септември) во 20 часот, А.Џ.(36) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот и 30 минути на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, поради поставен блокатор на патничко возило „шевролет спарк“ со тетовски ознаки за неплатен надоместок, физички бил нападнат од А.Б.(59) од Желино.Случајот целосно е расчистен и против А.Б. ќе следува соодветен поднесок.

Вчера (29 септември) околу 10 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Х.У.(27) од Гостивар, кој претходно  во семејниот дом физички го нападнал неговиот 56-годишен татко. Се преземаат мерки и за расчистување и документирање на случајот.