Бектеши – Ако има ценовен шок ќе ги замрзнеме цените на основните производи, нема да има злоупотреба од маркетите

0
20

Имаме повеќе механизми во случај на ценовните шокови кои се најавуваат, посочи министерот за Економија Крешник Бектеши при посетата на Тетово. Еден од нив е да се пуштат дел од државните стокови резерви, но и можат да се донесат и некои одлуку за замрзнување на одредени цени, како во однос на увоз на суровини и репроматеријали, така и во делот на тоа што се произведува и продава тука.

-Кога зборуваме за замрзнување на цени, зборуваме и за цени на тие производи од домашно производство, но и на тие увезени, а кај маркетите имаме рамка законска, да не можат да се злоупотребат  и да продаваат производи поскапи, од тоа што државата го утврдила согласно законот и нормално ќе има контрола. И за време на пандемијата, ние и претходно први донесовме такви одлуки за основните производи, а во моментов разговараме со стопанските комори за овој проблем. Но имаме и други мерки поврзани со најавениот ценовен шок, кои на пример се поврзани со плаќање на давачки на царина или интервенции во буџетот, со ослободување од различни такси и слично. Ги следиме случувањата и на увозните цени и на тие прозводи што тука се произведуваат, ако е потребно ќе интервенираме, рече Министерот за Економија Крешник Бектеши

Тој денеска оствари средба со градоначалничката на Тетово Теута Арифи, со која посетија повеќе фирми во тетовско. Кажа дека полошкиот регион е позитивно дискриминиран, оти кој сака тука да инвестира ќе си добие поголема помош од останатите региони, а како пример го зеде скопскиот.  

-По предлог на актуелната градоначалничка Арифи, направивме промена на законот во делот на финансиска подршка за инвестициите, каде полошкиот регион е на некој начин позитивно дискриминиран. Само еден пластичен пример, ако една компанија одлучи да инвестира во скопскиот регион , а не инвестира во полошко, нема да добие голема помош согласно законот за инвестиции. Во полошко речиси двојно е поголема помошта за инвестиции, а целта е тука да се зголемат инвестициите, за да се креираат работни места и да имамем рамномерен регионален развој, рече Бектеши.

Тој  се пофали дека со зголемувањето на минималната плата, ќе се ублажи економската состојба погодена од пандемијата, оти тоа ќе придонесе да се зголемат и сите други плати, а со тоа и рамнотежа со поскапените цени на основните продукти.

ммс