ЗАЕВ: АКО ГРАЃАНИТЕ ОДЛУЧАТ ВМРО ДПМНЕ ДА ГИ ВОДИ СКОПЈЕ И ПОВЕЌЕТО ОПШТИНИ ВО ЗЕМЈАВА, ЈАС ЌЕ СИ ДАДАМ ОСТАВКА И ВО ВЛАДА И ВО СДСМ!

0
19

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција посочи дека граѓаните им упатиле јасна критика, а тој глас тие како партија го слушаат, разбираат и уважуваат.

-Ние сме партија која ги слуша граѓаните а не гази по нив – изјави Заев.

„Јас и Владата предводена од мене, не може да продолжи ако градот Скопје и општините урбани и рурални уназадуваат назад по сите основи“, посочи претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција.

Тој додава дека се свесни дека нема да има толеранција за истите грешки, а порача и дека СДСМ учи, се менува и ги поправа своите грешки.

Заев ги повика граѓаните да гласаат нa 31 Октoмври и ијзави дека нивниот збор ќе биде послушан, уште веднаш.

-На 31 граѓаните ќе одлучат дали се за модерно европско Скопје или за скопје со барок и шмизли. Ако граганите одлучат за Скопје да продолзи со барокот тогаш оваа влада не може да го следи тоа,едно со друго не оди, а јас не можам да предводам таква влада – изјави Заев

-Нашиот народ сака интеграција во европската унија, не сака национализам и конфликти со соседите. – изјави тој.